Каква боја ви се усните? Бледите укажуваат на слабокрвност, виолетовите се знак да се храните поздраво

Медицината од истокот има интересно верување дека здравствената состојба лесно може да ја протолкувате од бојата на вашите усни.

kakva-boja-vi-se-usnite-bledite-ukazuvaat-na-slabokrvnost-violetovite-se-znak-da-se-hranite-pozdravo-01.jpg

Затоа погледнете се во огледало и откријте каква боја се вашите.

Усните природно би требало да бидат розови, а сите други нијанси укажуваат на одредени проблеми.

1. Бледо розови - ако усните се побледи од вообичаено, тоа е знак на слабокрвност. На вашиот организам му недостасува хемоглобин и црвени крвни зрнца, па препорачливо е да јадете храна богата со железо и витамин Ц.


2. Силно црвени
- ако усните имаат многу посилна црвена нијанса отколку што би требало, тоа значи дека организмот ви „прегорува“ и црниот дроб работи прекувремено.


3. Виолетово-зелени
- не е необично на ниски температури усните да ви ја променат бојата до виолетова или зелена боја, но ако константно изгледаат така, ве предупредуваат на проблеми со срцето и белите дробови, па најдобро е да направите контрола.


4. Темно виолетови
- кога усните имаат темна боја значи дека нешто не е во ред со органите за варење, па ве советуваме да престанете да јадете брза и нездрава храна и да го наполните организмот со свежи намирници богати со хранливи влакна.


5. Темно виолетови рабови
- ако само рабовите на усните се виолетови, тоа значи дека ви недостасува баланс во организмот. Во овој случај честопати ќе чувствувате промена на температурата на телото. Единствен лек е да одморите, добро да се храните и да не јадете храна со специфичен и силен вкус.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 масажи кои можат да ги намалат менструалните болки Масажата на стомакот ги релаксира мускулите и ја намалува напнатоста. Исто така,...
Што е хемангиом кај бебе – зошто се појавува и дали е опасен? Хемангиомот е мек, издигнат израсток на површината на кожата на бебето. Хеман...
„8 месеци пиев јаболков оцет наутро – Како тоа ми помогна со синдромот за полицистични јајчници?“ „Се чувствував како да имам многу повеќе енергија, немав проблеми со подуеност, ...
Знаци дека имате висок шеќер во крвта (и не смеете да ги игнорирате) Ако постојано сте жедни, уринирате почесто, имате заматен вид и главоболки,...
Вие прашувате, психолог одговара: „Другарите на син ми го навредуваат и повредуваат, не сака да оди ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg