5 знаци дека стареете побрзо отколку што треба

Нашето тело е неверојатно дело на природата. Тоа ни раскажува сè што треба да знаеме за нашето здравје преку суптилни знаци, но проблемот настанува кога сме премногу зафатени или исплашени за да ги согледаме.

5-znaci-deka-stareete-pobrzo-otkolku-sto-treba-01.jpg

За жал, како последица на игнорирањето на овие симптоми, се чувствувате старо и изморено пред време.

Следните 5 знаци треба да ви бидат последно освестување дека стареете побрзо отколку што би требало:

1. Жолта насмевка

Забната глеѓ се троши со текот на времето „благодарение“ на неколку видови храна, па како резултат на тоа насмевката ви станува жолта. Најголема закана за вашиот организам се шеќерите, засладените пијалаци и кофеинот. Сведете го нивното консумирање на минимум и кога забите ќе ви бидат здрави, избелувајте ги со медицински јаглен.

2. Проретчување на трепките и веѓите

Обично стареењето предизвикува проретчување и паѓање на косата, но заради хормоналните промени во телото, и трепките и веѓите стануваат поретки и неизедначени. За да го спречите ова внесете во исхраната повеќе витамини А, Ц и Е. Масирајте ги трепките и веѓите со рицинусово и кокосово масло.

3. Црвени очи

Црвенилото во очите не е само резултат од недоволен сон, настинка или алергија. Хроничното црвенило на очите може да укаже на воспалителни процеси кои понатаму може да доведат до сериозни здравствени состојби. За да го решите овој проблем во исхраната внесете повеќе зелен чај, храна богата со антиоксиданси и омега 3 масни киселини. Користете и облоги од оладен чај од камилица директно на очите.

4. Брзи промени на кожата

Како што стареете, така се менува и текстурата на кожата, но ако тоа брзо се случува и веќе на 30-тина години гледате дека секое утро имате нова брчка, време е нешто да преземете. Правете масажи на лицето со араганово и кокосово масло. Користете креми со заштитен фактор.

5. Ретка, сува коса која пука

Хормоналните промени кои е нормално да се случуваат како што стареете, веројатно се главната причина заради која влакното ќе почне да ви пука, да се крши и да опаѓа. Затоа првото зголемено опаѓање на косата е алармантна состојба дека телото ви е изморено и се чувствува старо. Тогаш е крајно време да почнете да користите третмани со топли масла и да престанете да ја миете косата многу често.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто ви се јавува остра болка од страната на стомакот кога вежбате (и како да ја спречите)? Постојат неколку теории за појавата на оваа болка – од мала физичка кондиција, д...
Болести кои ги пренесуваат комарците - колку се опасни и кои симптоми не треба да ги игнорирате? Тигрестиот комарец кој го има и во Македонија пренесува повеќе од 20 видови боле...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Вие прашувате, психолог одговара: „Имам 25 години и уште сум немала секс, како да му кажам на дечкот... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Симптоми за рак на мочниот меур кои не треба да се игнорираат Крв во урината, како и болка во долниот дел од грбот се симптоми кои можат да би...
Жени кои имале рак на дојка откриваат кои симптоми ги натерале да одат на преглед „Чувствував болка и еднаш ме разбуди среде ноќ. Мислев дека не е ништо сериозно,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg