4 лоши навики кои ѝ штетат на вашата вагина

Здравјето на најчувствителниот дел од женското тело – вагината е навистина важно. Проблемите кои лошо влијаат се бројни и можат негативно да влијаат на плодноста, желбата за секс и постигнување оргазам.

4-losi-naviki-koi-i-stetat-na-vasata-vagina-01

Постојат некои секојдневни работи и навики кои може да ви го загрозуваат здравјето, а вие воопшто да не сте свесни за тоа.

Еве кои се тие:

1. Погрешно бришење по мала нужда

Секоја просечна жена барем еднаш се сретнала со циститис – болно воспаление на мочниот меур. За да го спречите или барем да го намалите размножувањето на бактерии, водете сметка за начинот на кој го бришете интимниот дел по користење на тоалетот. Ако ја движите хартијата од аналниот отвор кон вагиналниот, тоа може да создаде инфекција, па затоа, секогаш бришете се во обратната насока од наведената.


2. Миење со жешка вода и агресивен сапун

Топлата и агресивната купка за телото можат да ја нарушат природната Ph вредност не само на кожата, туку и на вагиналната слузокожа. Во интимната хигиена се препорачува избегнување на алкални сапуни. Со нивна употреба се создаваат услови за развој на бројни патогени бактерии. Наместо тоа, одберете некој неутрален гел за туширање или најобичен бебешки сапун.

Денес постојат и средства за интимна нега на жената кои со својата киселост (ph вредност) го создаваат првиот бран на инфекции на гениталиите. Внимавајте сапунот или препаратот кој го користите да има Ph ознака од 3,8 до 4,5 и на тој начин спречете можна промена на бактериолошката средина во вагината.

Исто така, имајте на ум дека вагината се чисти сама – што значи дека сосема е доволно да го измиете нејзиниот надворешен дел. Никако не ја мијте нејзината внатрешност затоа што така можете да ги зголемите можностите за инфекција. Избегнувајте миење со сунѓер или ракавица на интимниот предел, затоа што тие можат да нанесат повреди на нежната и чувствителна слузокожа на половиот орган. Исто така, водете сметка после туширање да не се бришете со груби движења со пешкирот, а вишокот вода да го соберете со благо тапкање на интимниот предел.


3. Бањање за време на менструација

Пред сѐ никако не се бањајте во базен или када за време на менструација – доволно е само да се истуширате. За време на „оние денови“ колку што е можно почесто менувајте влошки или тампони, најмалку 5-6 пати дневно. На овој начин ќе го намалите непријатниот мирис на вагината кој се развива за време на циклусот, но и ќе спречите можно размножување на бактерии. Во секојдневната нега воведете и користење на влажни марамчиња со кои ќе се освежите пред да ја промените влошката.

Доколку користите тампони, имајте на ум дека тој максимум смее да се наоѓа во телото 2-4 часа. Исто така, немојте постојано да ги користите тампоните т.е. секогаш кога имате циклус. Правете го тоа само повремено или никогаш, ама баш никогаш не ги користете навечер. Ова е од есенцијална важност затоа што нередовното менување на тампони и неговото долготрајно држење во телото може да предизвика инфекции или синдром на токсичен шок – кој се смета за потенцијално фатална болест.

Исто така, избегнувајте секојдневна употреба на дневни влошки, затоа што тие спречуваат воздухот да дојде до вагината и на тој начин да се создаде топла, влажна затворена средина која е погодна за развој на бактерии и разни инфекции. Истото важи и за синтетичката долна облека која би требало да ја избегнувате за кожата да може да дише. Подобро одберете памучни гаќички и широки панталони.


4. Заборавате да се истуширате после тренинг или секс

Луѓето кои се посклони на потење би требало да ја менуваат долната облека барем 2 пати дневно. Особено е важно да се пресоблечете по тренинг затоа што топлите и водени гаќички се идеални за размножување бактерии и габи. Доколку бактеријата влезе во вагиналниот канал таа може да предизвика тешка инфекција.

Затоа, ако редовно тренирате набавете удобна памучна долна облека во која можете да вежбате, а која веднаш ќе ја соблечете по завршувањето на тренингот и ќе се истуширате за да спречите евентуални инфекции. Истото важи и по секс – кога вагината е влажна и прекриена со пот, што исто така може да има ужасни последици. Затоа се препорачува да се истуширате кратко по водење љубов. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ме мачи мигрена – Не, тоа не е главоболка, буквално не сум способна ништо да правам“ „Мигрените не се главоболки! Пропуштив многу работи поради нив. Нормалните звуци...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...
Децата и потењето: Како да препознаете дали е нормално или прекумерно? Ако вашето дете се поти повеќе од нормално, може да има хиперхидроза, ...
Симптоми на цисти во јајници кои се знак дека треба да одите на гинеколог Болка во стомакот кога немате менструација, но и болен сексуален однос – Кои се ...
Избелување на забите, детоксикација - Дали навистина има придобивки од активниот јаглен? Активниот јаглен има способност да ги „зароби“ токсините во дигестивниот систем,...
Кои се симптомите на гестациски дијабетес и што ако не се третира? Гестацискиот дијабетес се појавува во бременоста, а најчесто по породувањето, ше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg