7 работи кои не треба да ги правите штом се разбудите
Првите неколку минути од денот се клучни за тоа каков ќе биде остатокот. Затоа, не смее да си дозволите да направите грешка уште рано наутро која може да ви ја скрати продуктивноста во текот на целиот ден.
За жал, повеќето од нас секојдневно правиме барем една грешка која ни го попречува позитивниот старт.
Ако сакате да го промените расположението и ритамот на денот на подобро, откажете се од следниве навики:
1. Се препуштате на спонтаноста
Наутро е добро да имате одредена рутина и план. Не се препуштајте на реченицата „ќе видам како ќе се разбудам“. Наместо тоа, составете листа на активности кои сакате да ги направите во првиот час откако ќе станете.
2. Притискате snooze
Експертите сметаат дека одложувањето на будењето е лош избор, затоа што тие дополнителни 15 минути ќе ве изморат повеќе, наместо да се разбудите свежи.
3. Лежите стуткани
Психолозите тврдат дека тегнењето е секогаш подобар избор отколку денот да го започнете стуткани, со недостаток на самодоверба.
4. Се подготвувате во темница
Така на телото му испраќате погрешни сигнали дека е ноќ, па неретко темните простории наутро ве прават уште попоспани.
5. Проверувате мејл
Одолејте и на оваа навика и одложете ја барем додека не пристигнете на работа.
6. Го оставате креветот несреден
Местењето на креветот наутро е клучна навика со која почнувате еден ланец на успешно завршени активности во текот на денот.
7. Пиете кафе
За многумина, најдобро време за кафе е по 9:30 часот. Ако го испиете кафето прерано, го забавувате производството на кортизол во телото, што ве прави помалку енергични.
М. Д. | Црнобело