Зошто понекогаш гледате ситни честички како ви пловат низ окото?
Речиси сите сме ги виделе тие чудни проѕирни нешта, налик на црв, како пловат низ нашето видно поле.
Тие честопати ви предизвикуваат чувство на нервоза, бидејќи гледајќи ги имате чувство како да ви влегла бубачка во окото.
За следниот пат кога ќе ги видите нервозата да биде помала ние ќе ви кажеме дека овие ситни организми се нарекуваат „muscae volitantes“ што во директен превод од латински би значело „летечки муви“... Но, тие всушност немаат никаква врска со мувите или какви било бубачки воопшто.
Овие нешта се всушност составени од парченца ткиво, купчиња протеини или црвени крвни клетки во внатрешноста на окото.
Причината што ние ги забележуваме е тоа што тие создаваат сенки врз нашата шареница.
М. С. | Црнобело