Магијата на пилатесот
Многу жени тврдат дека токму поради магичниот пилатес имаат совршена фигура. Можеби да, а можеби и не. Она што е сигурно е дека пилатесот ќе ве...
... истегне, релаксира и ќе работи во полза на ваше добро расположение.
Не мора да бидете ни спортски тип. На почетокот, движењата и вежбите не се премногу комплицирани и меѓусебе се поврзани. Со текот на време ќе сфатите дека сте равиле мускули на места каде никогаш не би помислиле дека ги имате.
Најважниот момент што треба да го разберете е длабокото дишење. Затоа е најдобро да ги одберете почетничките часови каде ќе го научите тоа. Освен тоа, вежбањето произлегува од т.н. power house, од мускулите во делот кај абдоменот и внатрешната страна на бедрата.
На самиот почеток ќе го научите и тоа - како тој дел од телото да го држите стегнат цел час. Тешко е, но брзо ќе се научите да го контролирате и правите тоа. За разлика од многу други вежби, пилатесот не им додава волумен на мускулите, туку ги истегнува и зацврстува.
По само неколку часа ќе ги видите резултатите на подобрена концентрација и восилен дух во вас.
Пилатесот е препорачлив и за постарите луѓе, како и за оние кои имаат проблеми со нозете и долниот дел на карлицата. Уште еден плус на пилатесот е тоа што не ви е потребна никаква дополнителна или посебна опрема.
Вежбајте боси, а се што ви треба е облека во која се чувствувате удобно. Денес пилатесот не е повеќе привилегија, ниту пак е реткост - на многумина пилатесот им стана секојдневие.
Ако немате доволно финансии и време да си го допуштите ова уживање, тогаш пробајте да вежбате со помош на видео снимка. Секако, снимката нема да ве предупреди ако некоја вежба ја правите погрешно.