Експерт открива: Што никогаш не би јадел за да избегнам труење со храна?
Бил Марлер веќе 20 години е специјалист во полето на заразни болести кои можете да ги добиете преку храната кој открива што никогаш тој лично не би ставил во уста како заштитна мерка од труење со храна.
Марлер открива 4 производи кои тој воопшто не ги јаде:
1. Претходно измиено или пресечено овошје или зеленчук
„Овие работи ги избегнувам по секој цена“ - вели тој. Експертот купува свежи производи кои не се однапред подготвени за консумирање и ги јаде во рокот од неколку дена за да го намали ризикот од листерија.
2. Живо месо
Месо кое не било варено, печено или пржено доволно долго може во себе да има салмонела, ешерихија коли и други бактерии.
3. Млеко и сокови кои не се пастеризирани
Соковите и млекото кои не се пастеризирани исто така, можат да содржат ешерихија коли која ако не се лекува навремено може да доведе до сериозно оштетување на бубрезите.
4. Свежи јајца
Ризикот од добивање салмонела преку јајцата е намален, но не и целосно отстранет, затоа овој експерт препорачува да консумирате добро подготвени јајца.
Н. Г. | Црнобело