Познати личности кои се бореле со напади на паника и депресија

Познатите можеби се наоѓаат под рефлекторите и на прв поглед ни се чини дека немаат никакви проблеми, но реалноста е дека и тие се соочуваат со тешкотии во животот.

iskreno-zboruvaat-poznati-licnosti-koi-se-borele-so-napadi-na-panika-i-depresija-01.jpg

Дел од нив зборуваат за депресијата и нападите на паника, па на тој начин сакаат да им покажат на луѓето дека не се сами, дека има и некој друг кој се соочува со истите проблеми.

Кристен Стјуарт

Стјуарт пораснала пред камерите, а славата која ја стекнала преку ноќ лошо се одразила на неа. Анксиозноста била составен дел од нејзините тинејџерски денови, а во тој период најголема потпора била нејзината мајка.

Заедно оделе на терапија.

„Сè сакав да биде под моја контрола. Плачев со денови. Сепак, во еден момент сфатив дека морам да дозволам животот да тече. Сега сум психички многу посилна“ - изјавила Кристен.

iskreno-zboruvaat-poznati-licnosti-koi-se-borele-so-napadi-na-panika-i-depresija-1.jpg


Ема Стоун

Младата актерка открива како со години се борела со напади на паника, а од најголема помош ѝ биле разговорите со нејзината мајка.

„Првпат ми се случи кај еден мој пријател. Мајка ми веднаш дојде по мене, а со таа состојба се борев наредните три дена“ - вели Ема.

Актерката открива дека фокусот на глумата ѝ помогнал да се избори со паниката.

iskreno-zboruvaat-poznati-licnosti-koi-se-borele-so-napadi-na-panika-i-depresija-2.jpg


Кара Делевињ

Кара долго време се борела со депресијата. Сè почнало на нејзините 15 години.

„Луѓето не треба да ги кријат проблемите кои ги имаат. Важно е само на тој пат да имате поддршка од луѓето кои ве сакаат“ - објаснува манекенката.

За неа од најголема помош биле јогата и долгите разговори.

iskreno-zboruvaat-poznati-licnosti-koi-se-borele-so-napadi-na-panika-i-depresija-3.jpg


Што претставуваат нападите на паника?

Паничните напади денес се честа појава. Обично почнуваат на млада возраст помеѓу 18 и 25 години, но можат да се случат секому во различни моменти од животот.

Паничните напади можат да се случат и до 3 пати во една недела, а се одликуваат со висок интензитет на страв кој доведува до паника.

Паничните напади можат да се случат секому, но најчесто се случуваат на личности кои имаат семејна предиспозиција. Обично еден од родителите исто така се соочувал со напади на паника или претерана грижа.

Причините можат да бидат различни, од секојдневни ситуации до големи животни промени.

Всушност извор на напад на паника може да биде сè она што може да ја доведе личноста до ситуација да се чувствува како целосно да ја има изгубено контролата над сопствениот живот.

За време на високата состојба на страв можно е да се случат различни физички манифестации, од вртоглавици, несвестици, тешко дишење, тресење на рацете или нозете, чувство како да имате кнедла во грлото...

Во некои случаи личноста може да има чувство како да ќе доживее срцев или мозочен удар.

Кога нападите се пратени со бурни физички реакции, личноста која го доживува нападот најчесто верува дека нешто се случува на физичко ниво.

Како може да ѝ се пружи помош на личноста која доживува напад на паника? Како можете да реагирате во тие моменти?

Важно е да се потрудите да ја смирите личноста и да направите да се почувствува сигурно.

Иако може да изгледа страшно, причини за дополнителен страв нема, дури и кај оние личности кај кои нападите се чести и силни.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Го регулираат крвниот притисок, помагаат при слабеење – Најздравите летни зеленчуци Поради своите состојки, доматите го регулираат холестеролот, добри се за имуните...
Што треба да знаете за бактеријата мораксела – Честа е кај децата, предизвикува инфекции Бактеријата мораксела сè повеќе се идентификува како честа причина за инфекција ...
Онколошки нутриционист појаснува: „Која храна заболените од рак треба да ја избегнуваат (и зошто)?“ Постои ли храна што може да ви го зголеми ризикот од рак, или пак да предизвика ...
Вие прашувате, психолог одговара: „Положив за кола пред 18 години, но сè уште ми е страв да возам“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Зошто се појавуваат акни на грбот и како да ги исчистите? Знаете ли дека честото носење ранец на грбот може да предизвика појава на акни к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg