Природно зајакнување на имунитетот: Џем од ѓумбир
За време на ладните денови, кога сите сме подложни на настинки и вируси, неопходно е да имате здрав препарат кој ќе се грижи за вашиот имунитет.
Витаминската бомба од ѓумбир, мед и лимон има моќ да ги замени сите апчиња и додатоци во исхраната.
За да го подготвите потребни ви се следниве состојки:
- 1 среден корен од ѓумбир
- 3 лимони
- 0,5l мед
Подготовка:
Лимонот измијте го, исечете го на коцки и иситнете го со помош на блендер.
Ѓумбирот излупете го и ситно изрендајте го.
Соединете ги лимоните со ѓумбирот, па прелијте ги со мед. Смесата промешајте ја и ставете ја во голема тегла од 1l.
Џемот можете да го додадете во чајот, да го мачкате на леб или едноставно да земате секојдневно по 1 супена лажица.