Наместо хамбургер: Како да го ублажите мамурлакот?

По бројните чаши од вашиот омилен алкохолен пијалак, веројатно посакувате да изедете сочен хамбургер. Но, верувајте, подоцна ќе зажалите за тоа...

namesto-hamburger-kako-da-go-ublazite-mamurlakot-01.jpg

Постојат и други поздрави опции кои можете да ги консумирате за да го ублажите мамурлакот следното утро:

1. Банани

Ова вкусно овошје е богато со калиум и електролити кои ги губите во големи количини кога пиете алкохол.


2. Вегетаријанска пица

Пицата не е баш препорачлива, но ако не можете да ѝ одолеете, тогаш можете да се одлучите за поздрава варијанта – вегетаријанска пица.


3. Било што од житарици со крупно зрно

Овие житарици се составени од сложени јаглехидрати кои го апсорбираат алкохолот. Исто така, содржат витамин Б кој помага во ублажувањето на мамурлакот.


4. Палачинки

Палачинки или вафли, изборот е ваш. Причина за тоа се повторно јаглехидратите кои го впиваат алкохолот, па ако не сакате житарици, тогаш палачинките се одлична алтернатива.


5. Хумус

Богат со витамините Б и Ц, со железо и фолна киселина – хумусот е здрав начин како да го ублажите утринскиот мамурлак. Во сезоната на празници, имајте го секогаш во фрижидер.


6. Супа

Одберете што побистра супа, а ако не сте по готвењето, тогаш можете да направите и супа од кеса. Истата ќе ви помогне да си ја разбистрите главата.

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Онколошки нутриционист појаснува: „Која храна заболените од рак треба да ја избегнуваат (и зошто)?“ Постои ли храна што може да ви го зголеми ризикот од рак, или пак да предизвика ...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Што ќе се случи со вашето тело ако секој ден јадете по 3 урми? Го намалуваат нивото на шеќери, овозможуваат исфрлање на лошиот холестерол, пома...
Испукани агли на устата (жвали) - зошто се појавуваат и како да ги излечите? Доколку не ги лекувате испуканите агли на устата, инфекцијата може да се прошири...
Причини за неплодност кај мажите + може ли да се спречи? Кога станува збор за неплодност, најчесто проблемот се бара кај жената. Но, и ма...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg