5 начини како да заспиете побрзо
На некои луѓе им е многу лесно да заспијат, само што ќе ја стават главата на перницата тие заспиваат. Остатокот од луѓето се мачат, се превртуваат, бројат овци, минути и чекаат да заспијат.
Недостатокот на добар, квалитетен сон се одразува скоро во секој аспект од нашите животи од здравје, расположение до вршење на работата.
Еве неколку совети како да заспиете побрзо:
1. Подгответе го телото
Секој ден легнувајте си во отприлика исто време. Кога ќе си легнете свиткајте ги прстите на нозете за време од 7 секунди и потоа опуштете се. Направете го ова со секоја мускулна група од прстите до вратот.
2. Одржувајте ниска температура во собата
Подобро се спие кога температурата во собата е пониска. Пробајте да носите потенки пижами и тие да се од природни материјали исто како и постелнината. Пред да си легнете избањајте се со топла вода, па оладете се во собата.
3. Релаксирајте се
Пред да си легнете направете една мисловна вежба. Замислете некоја спокојна сцена, како ден поминат на плажа, пикник во природа... Оваа рутина ќе ви помогне да го успокоите мозокот. Исклучете го телевизорот, мобилниот телефон и останатите електронски уреди.
4. Храната е фактор
Вечерајте лесна храна. Тешката храна може да предизвика проблеми со варењето и да не можете да заспиете. Но, не си легнувајте гладни, тоа исто така, ве држи будни.
5. Внимавајте на позата
Позата во која спиете е важна. Најдете ја позата која ви е удобна и ви овозможува добар сон.
Перницата треба добро да ги поддржува вратот. Обично страничните пози се подобри, но вие одберете што ви одговара. Секоја вечер легнувајте во истата поза за телото да се навикне да заспива на ист начин.
М. Д. | Црнобело