Имелата во борба против рак
Со години луѓето ја користеа имелата како изговор да ги бакнат личностите кои потајно ги сакуваат за време на Божиќните и Новогодишните празници, но...
... најновите истражувања покажуваат дека имелата има многу поголема моќ од побудувањето на новогодишната страст.
Научниците пронајдоа екстракт од растението што може да помогне во борбата против ракот на цревата, од кој само во Британија заболуваат 37 000 луѓе годишно.
Пациентите кои редовно го примаат третманот на имелата преку директни инекции во нивниот крвоток имаат помалку несакани последици од токсичната хемотерапија и радиотерапија. Истите, исто така живеат подолго за разлика од оние кои не ја примаат.
Се смета дека екстрактот помага на човековиот имунитетен систем во борбата со туморот и го забрзува процесот на исфрлање на токсичните остатоци од хемотерапијата.
Истражувањето инволвирало 429 пациенти заболени од рак кои биле под терапија на имелата и 375 пациенти болни од рак кои биле под дејство на традиционални третмани.
Резултатите покажаа дека само 18% од пациентите биле под дејство на третманот на имелата имале несакани ефекти од хемотерапијата за разлика од 48% од другата група на пациенти.
Одговорниот кој го водел ова истражување, Проф. Курт Цанкер, од Германскиот институт за имунологија и експериментална онкологија, заклучил “Резултатите потврдуваат дека постои голема придобивка од третманот со екстракт на имелата.”
Истражувањата исто така покажуваат дека третманот со екстракти на имела дава 32% можност на продолжување на животниот век на пациентот за дополнителни 5 години.