3 изненадувачки лоши работи кои можат да ви се случат ако јадете премногу јаткасти плодови

Знаеме дека јаткастите плодови се доста здрави и посебно се поврзуваат со здравјето на срцето, намалувањето на ризикот од Алцхајмерова болест и борбата против ракот, но во колкава мера можеме да ги консумираме?

3-iznenaduvacki-loshi-raboti-koi-mozat-da-vi-se-slucat-ako-jadete-premnogu-jatkasti-plodovi-01.jpg

Колку и да се здрави, од јаткастите плодови можеме да станеме зависни, а и поголемиот дел од нас не се придржуваат до препорачаната дневна количина од само една дланка на ден.

Тоа се отприлика 24 бадеми, 18 индиски ореви, 14 ореви или 8 бразилски ореви.

Проблемот со поголемата количина е што може негативно да влијаат на нашето здравје.

Еве како:

1. Брзо ќе добиете на тежина

Бројни истражувања потврдуваат дека јаткастите плодови помагаат во губењето на тежината, но постои предупредување кое е поврзано со консумацијата на истите.

Јаткастите плодови помагаат во губењето на килограмите, но само ако се консумираат во препорачаната дневна количина. Ако јадете поголема количина од препорачаната, тогаш имаат спротивен ефект.

Јаткастите плодови се прилично калорични.


2. Проблеми со варењето на храната

Ако се чувствувате „подуено“ после грицкањето на јаткастите плодви, не сте единствени. Подуеноста е вообичаена појава како резултат на компонентите кои се нарекуваат фитати и танини кои го отежнуваат варењето на храната во желудникот.

Ова се случува природно како одбранбен механизам на растенијата. Ако некое животно ги консумира, тешко поминуваат низ системот за варење на храна на животното за кога ќе излезат од системот, повторно да можат да нараснат. За жал, истото се случува и кај луѓето.

За да не се случува тоа, важно е да ја јадете пропишаната количина.


3. Опаѓање на косата, кршливи нокти, лош здив, болни мускули и зглобови

Сите овие работи се симптоми на труење со селен – ретка, но сериозна состојба која може да се појави како резултат на консумирање на големи количини на јаткасти плодови.

Еден оброк од овие плодови има 10 пати повеќе од препорачаната доза на селен која изнесува 55 микрограми.

Јаткастите плодови се толку богати со селен, што некои нутриционисти препорачуваат да се консумираат само 4 плодови на ден и тоа не секој ден.

Би можело да ве интересира:

Зошто докторите најчесто препорачуваат терапии со инхалација + корисни работи што треба да ги знаете Во минатото, за инхалирање се користеше тенџере со топла вода, а понекогаш внатр...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Вие прашувате, психолог одговара: „Имам 22 години и не сум сигурна во својата сексуална ориентација“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Што се матични клетки, зошто се важни и во кои делови од телото се наоѓаат? Матичните клетки се уникатни бидејќи имаат способност да се трансформираат во др...
Ларингитис кај деца: Кои се најчестите симптоми и како најбрзо да му помогнете на вашето дете? Во бањата пуштете врела вода за да се создаде пареа. Потоа детето треба да го вн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg