5 начини како да водите здрав живот од Одри Хепберн
Славната актерка Одри Хепберн е позната по многу филмови и хуманитарна работа, со својата виталност и одличен изглед секогаш пленела. Кои се нејзините тајни за водење здрав живот?
Во едно интервју објавено оваа година, најмладиот син на Одри, Лука Доти ја откри филозофијата за здравје на својата мајка.
Еве некои клучните работи:
Пијте многу вода
„Инсистираше да влијае на секој да пие вода. Така била растена, да се храни здраво, а најмногу консумирала зеленчук“.
Јадете месо, но помалку
„Јадеше месо, но во помали количини. Дури 80% од нејзините оброци се состоеја од овошје и зеленчук“.
Не се плашете од стареење
„Имаше многу здрава визија за својот живот. Воопшто не се плашеше од старост. Секако дека се жалеше на брчките и белата коса, но вистински уживаше во своите години“.
Компирот како неизоставен дел од оброкот
„За неа овој производ беше незаменлив и значаен дел од нејзината исхрана“.
Уживајте во малите работи
„Имаше позитивен поглед на животот. Секогаш беше таква каква што се претставуваше, наивна како девојче. Секогаш кога ќе откриеше нешто ново беше радосна како девојче. Го вдишуваше животот со полни гради и се радуваше на секој ден“.
Н. Т. | Црнобело