Петар Пан синдром, што е тоа?

Петар Пан синдромот се јавува кај возрасни лица кои се однесуваат како деца. Овој синдром го добил своето име по приказната на М. Бари од 1904 година во која Петар Пан е момче кое одбива да порасне  и заминува во земјата Недојдија.

petar-pan-sindrom-sto-e-toa-001.jpg

Во меѓувреме ја учи Венди како да лета со своите браќа и заедно доживуваат многу авантури меѓу кои средбата со Индијанците и пиратите.

Како синдром, Петар Пан не е медицински прифатен од Американската Психијатриска  Асоцијација како ментално растројство.

Исто како и во приказната, лицата со овој синдром  одбиваат да прифатат да влезат во светот на возрасните. Овие лица се одликуваат со страв и несигурност и несоодветно ги изразуваат емоциите.

Тие  доживуваат страв од неуспех при интеракција со други лица кои ги сметаат за поспособни во самоконтролата. Одбраната од таквите ситуации резултира со бегање.

Се смета дека класичната карактеристика на Петар Пан синдромот е нарцисоидноста. Лицата со овој синдром се окупирани со себе, но не во негативна смисла како што е тоа кај класичниот нарцизам.

Тие само се чувствуваат комфорно во својата имагинација, а во односите со другите се слаткоречиви и позитивни. Ја прифаќаат реалноста, но уживаат во животот како да се протагонисти во приказната.

Петар Пан синдромот е желба да се остане вечно дете  и да не се прифатат одговорностите на возрасните. Изгледа логично како последица кај лица кои имале одлично детство.

Овие лица сметаат дека наивната безбедност што ја имале во детството е идеална состојба на битието. 

Н. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три симптоми за време на менструација кои не треба да ги игнорирате, според докторка „Ако имате вртоглавица за време на менструација, можно е да губите многу крв и б...
ПМС или бременост: Како да ги разликувате симптомите? Променливото расположение и зголемената чувствителност на градите се симптоми св...
Предупредувачки симптоми кои се знак дека веднаш треба да одите на лекар Многу силна главоболка која се појавила одеднаш, како и силна треска со температ...
Аневризма на мозокот - како да ја препознаете и кои се последиците ако пукне? Премногу силна главоболка е првиот знак за аневрзима на мозокот. На пациент со п...
Зошто дланките ви се постојано студени (и како да ги стоплите во зима)? За да не ви бидат рацете постојано студени, избегнувајте тесна облека и чевли. З...
Што е мача и зошто е добро да се пие? Мача е зелен чај во прав, кој е одличен за превенција од рак, а ги штити коските...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg