Надитрете го стресот, веднаш!

Секојдневното одење на работа, проблемите со кои се соочуваме, нездравата исхрана, непроспиените ноќи, глупавите кавги создаваат многу стрес. Тој е штетен и за нашето физичко и за психичкото здравје.

naditrete-go-stresot-vednash-01.jpg

Затоа, важно е стресот да се елиминира уште во истиот момент кога ќе се појави како би ги избегнале несаканите последици...

Еве неколку совети како да го надитрите стресот и да се релаксирате.

Измасирајте си ја вилицата

Кога сме под стрес, несвесно ги стегаме вилиците. Тоа е особено изразено кога „вриеме“ во себе, а се воздржуваме да не ги искажеме своите емоции на глас. Во таков случај, најдобро ќе ви помогне масажа на слепоочниците и вилицата. Поставете ги четирите прсти од рацете (без палците) на слепоочниците и една минута правете кружни движења. Потоа, поставете ги прстите на областа каде што се спојуваат горната и долната вилица и продолжете да се масирате со кружни движења уште една минута.


Вреснете на цел глаc

Кога си мислите дека само малку ви е потребно за да експлодирате од стрес, вреснете на цел глас. Викањето и врескањето им дозволуваат на луѓето да ги искажат своите фрустрации. Експертите велат дека притоа во телото се создаваат ендорфини, кои го подобруваат расположението и делуваат како природен анестетик. Не е потребно да сте на планина за да вреснете без воздржување. Вреснете во перница за да го придушите врисокот и да не ги вознемирите соседите.


Масирајте ги ушите

Масажата на ушите ќе ги релаксира мускулите низ целото ваше тело. Со показалецот и палецот на двете раце фатете ги ушните ресички и нежно притиснете ги. Внимателно протријте ги ресичките, а потоа започнете да се движите нагоре по надворешниот „раб“ на ушите. Потоа, придвижете се надолу. Практикувајте ја ваквата масажа 1-2 минути.


Фатете се за пеглата

Чувствувате како стресот ве гризе однатре? Намалете ја напнатоста со помош на пеглање или диплење на облеката. Фокусирајте се само на она што го правите во моментот и на движењата кои се повторуваат. Така ќе ги стишите гласните мисли во главата кои ви го зголемуваат стресот и ќе им дозволите на едноставните задачи низ домот да ви дејствуваат како медитација.


Истресете го стресот

Растресете го вашето тело за да се ослободите од тензијата и негативните емоции. Застанете исправени со малку потсвиткани колена. Опуштете ги мускулите на рацете и започнете прво да ги тресете дланките. Постепено тресењето придвижувајте го нагоре кон лактите и рамената, вратот и главата. Тресењето нека премине во мали потскокнувања в место. Релаксирајте ги мускулите со скокови в место 2-3 минути.


Безгласно кажете си ја азбуката одназад

Дајте му на мозокот предизвик кој ќе бара целосна посветеност. Така ќе можете да се изолирате од негативните мисли и проблемите барем за неколку минути и да го намалите нивото на стрес. Започнете во умот да си ја кажувате азбуката одназад или рецитирајте го текстот на вашата омилена песна. Многу е важно да си поставите задача која можете да ја завршите и која има дефиниран крај.


Држете ја 10 минути раката на вашиот сакан

Побарајте ја раката на вашиот партнер и држете ја десетина минути. Веднаш ќе почувствувате смирување. Истражувањата покажале дека лицата кои остваруваат контакт со саканата личност во моментите на стрес се двојно посмирени од лицата кои не се во допир со саканиот.


Дишете на стомак

Длабокото бавно вдишување и издишување е одличен „лек“ за стрес. Дишењето на стомак е особено релаксирачко, а можете да го практикувате буквално насекаде. Седнете исправени. Едната дланка поставете ја на градите, а другата на стомакот. Вдишете длабоко преку носот, така што ќе дозволите да се дуе само стомакот. Дланката којашто е на градите не треба да се движи. Издишете преку устата, така што ќе ја подотворите само малку како кога свиркате. Направете десетина вакви вдишувања и издишувања.

М. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ја регулира тежината, ја чисти кожата – Зошто треба да пиете вода со нане (и како да ја направите)? Нането има природни антибактериски својства, па може да го освежи здив...
8 симптоми на аутизам кај возрасни, според експерти Аутизмот може да се дијагностицира на секоја возраст, па добро е да ги знаете си...
Вие прашувате, психолог одговара: „Откако ме дијагностицираа со мултипла склероза, сопругата ме оста... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...
Како да ја отстраните водата од увото без да предизвикате инфекција (и кога да одите на лекар)? Влегувањето вода во увото е честа појава, но ако не сте внимателни, можете да си...
Вие прашувате, психолог одговара: „Немам желба да правам ништо, дали страдам од депресија?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg