Зошто да јадете мед?
Една од многуте благодети на медот е тоа што го зајакнува имунитетот. Неговите состојки помагаат при варењето на храната и во борбата против различни...
...болести. Затоа секој ден започнете го со со напивката која ќе ви го разбуди телото.
Веќе илјадници години наназад медот е познат како природен лек за многу болести. Се користел при прва помош за изгореници и исеченици, бидејќи може да ја апсорбира влагата од воздухот и да го забрза процесот на регенерација на кожата.
Неговите антибактериски својства ги спречуваат инфекциите и делуват против воспаление, ги намалуваат отоците, болките и помагаат во исчезнување на лузните.
Ако не можете да заспиете испробајте ја познатата напивка од мед и млеко. Во чашата со топло млеко промешајте една лажица мед и испијте го.
Една од познатите својства на медот е да го лечи воспаленото грло.
Професионалните пејачи често го користат медот така што го одржуваат грлото здраво и го подготвуваат за настап.
Три пати во денот по една лажица ќе бидат доволни за да го смират вашето воспалено грло.
И секако чајче со мед е неизбежно и посебно вкусно!