Интересни факти за кафето кои страсните уживатели треба да ги знаат
За многумина од нас кафето е нашиот најдобар пријател, нашиот божествен нектар, амброзија без која не можеме да го започнеме денот.
Без кафе сме нервозни, агресивни, уморни... Но, што велат научниците за кофеинот?
Ова се основните научни факти што секој консумент на кафе треба да ги знае:
Вака изгледа хемискиот состав на кофеинот
Обликот е сличен на важната молекула наречена аденозин која ја регулира функцијата на мозокот. Кофеинот го „копира“ аденозинот и ги поврзува истите цели во мозокот.
Вака изгледа под микроскоп:
Најдобро време за пиење кафе
Кога за првпат ќе се разбудите вашиот мозок е веќе преплавен со кортизол, природен хемиски елемент кој помага да останеме будни. Што значи, иако имате чувство дека ви се пие кафе, всушност не ви е потребно. Најдобро е да почекате нивото на кортизол да се намали во текот на денот.
Откако ќе го испиете кафето, потребно е само 10 минути кофеинот да почне да делува. Кофеинот го достигнува максималното дејство по 45 минути - во зависност од тоа колку брзо или бавно вашиот организам може да го процесира. Ефектот на кофеинот се чувствува од 3 до 5 часа.
Кафето може да биде добро за вашето здравје, бидејќи содржи стотици различни соединенија кои вклучуваат многу антиоксиданси кои го штитат нашето тело од штетните хемикалии наречени „слободни радикали". Овие молекули предизвикуваат стареење и се поврзани со болести како што се ракот и срцевите заболувања. Но, многу луѓе кои пијат кафе, подеднакво уживаат и во алкохолот и цигарите. Потребно е да ги избегнувате овие навики, ако сакате кафето да има позитивен ефект.
Пчелите исто така го сакаат кофеинот, бидејќи им помага. Нектарот на некои цвеќиња содржи ниски нивоа на кофеин кои ги привлекуваат пчелите. Неодамнешните истражувања покажале дека кофеинот може да помогне во зголемување на долгорочна меморија на пчелите.
Вашиот мозок може да стане зависен од кофеин. Како реакција на блокирањето на сите рецептори, мозокот создава уште повеќе рецептори. Ова значи дека со текот на времето, хемијата на мозокот се менува, така што ќе треба да пиете повеќе кафе за да го имате истиот ефект.
Автор: М.A. | Црнобело