Стар домашен рецепт: Антивирусна бомба против настинки
Сезоната на настинки и вируси полека ни се приближува, па сега е идеално време да се заштитите на природен начин и да си го зајакнете имунитетот.
Сите состојки за овој домашен рецепт можете да ги купите на пазар или во продавница за здрава храна.
Има доста состојки, но барем ќе ве заштити да дадете цело богатство за лекови и сирупи.
Потребно ви е:
- 100g суви кајсии
- 50g аронија
- 100g суви смокви
- 200g суви сливи
- 1 среден корен ѓумбир
- 100ml свежо цеден сок од лимон
- 100g ореви
- 100g бадеми
- 50g лешници или ф’стаци
- 50g брусница
- 3 лажици мед со прополис или матичен млеч
- 250g мед
Сите суви состојки освен медот ставете ги во голем стаклен сад. Овошјето исечкајте го. Прелијте со лимонов сок. Ѓумбирот исчистете го и изрендајте го.
Прелијте со мед и добро измешајте со дрвена лажица.
Мешавината распоредете ја по тегли.
Потребно е да отстои неколку дена пред да ја консумирате. Слободно можете да ја давате и на деца постари од 2 години.
За деца се препорачува 1 кафена лажичка наутро, а за возрасните доволни се 2 лажички во текот на денот.