Зошто не смеете двапати да ја вриете водата?
Сигурно барем еднаш во животот ви се случило да ја зовриете водата, да заборавите дека сте го направиле тоа и повторно да ја ставите на вриење.
Веројатно размислувате дека на тој начин ќе се ослободите од штетните материи или барем ќе ја намалите нивната концентрација, но факт е дека на тој начин и здравите минерали ќе станат штетни.
Еве што се зголемува со долгото вриење на водата:
Арсен
Светската здравствена организација тврди дека најголема опасност во водата за пиење е арсенот кој доведува до труење, проблеми со органите па дури и појава на рак.
Нитрат
Високата температура ги претвора нитратите во нитрозамини кои се канцерогени. Тие штетно влијаат на јајниците, цревата, желудникот и може да предизвикаат појава на леукемија.
Флуорид
Некои истражувања покажуваат дека флуоридот влијае на намалување на невролошките и когнитивните функции, ја намалува плодноста и интелигенцијата кај децата.