Ги чистите ушите со стапчиња? Подобро немојте, постои поздрав начин
Восокот во ушите е едно од можеби најгрозните работи кои нашето тело ги произведува, но докторите сепак го ограничуваат користењето на стапчиња за чистење на ушите и ги истакнуваат ризиците.
Иако чувството на чистота и сувост во ушите е пријатно, одвикнете се од стапчињата.
Восокот кој се собира во ушите има антибиотски материи кои го штитат увото од инфекции, па неговото отстранување може да ви нанесе само штета, односно инфекции и компликации.
Ако планирате полека да се откажете од оваа навика, почнете да ја спроведувате најмногу 3 пати месечно и тоа исклучиво по туширањето кога пареата го омекнува восокот. Но, со прстот фатете го делот каде завршува памукот и со тоа ќе поставите граница.
Како добра алтернатива се препорачува чистењето на уши со масло и хидроген пероксид.
Еднаш во неделата пред спиење наполнете едно мало шишенце од капки за уши со маслиново или детско масло. Во секое уво капнете по 3 капки и со лесен притисок масирајте го увото. Потоа залепете парче газа или памук, за маслото да не ви се слее на перницата додека спиете.
Следниот ден во текот на туширањето ставете мала количина хидроген на дланката и втријте ја во увото (никако не капнувајте директно.)
Хемискиот спој ќе го отстрани восокот и во целост ќе го исфрли на површина.