Како влијае пржената храна на вашето срце?
Луѓето кои консумираат пржена храна и пијалаци кои содржат шеќер имаат најголеми шанси за добивање на срцеви заболувања. Ова го докажува 6-годишното истражување од списанието American Heart Association кое направено на повеќе од 17.000 Американци.
Податоците биле собирани во периодот од 2003-та година до 2007 година на тој начин што во тој период испитаниците постојано биле интервјуирани телефонски и имале редовни домашни прегледи каде пополнувале прашалници во врска со нивната исхрана, а потоа уште неколку години детално биле анализирани податоците.
Испитаниците биле поделени во 5 различни групи на основа на нивната исхрана. Во првата група се наоѓаат оние кои преферираат пржена храна, во втората оние кои преферираат однапред подготвена храна како пица, во третата се наоѓаат оние кои јадат овошје и зеленчук, во четвртата оние кои преферираат слатка храна, а во последната се наоѓаат оние кои јадат храна базирана на салати и алкохолни пијалаци.
Денес, научниците откриваат дека луѓето кои преферираат пржена храна, јајца, пржена сланина и пијалаци кои содржат шеќер имаат 56% ризик од добивање на срцев удар во рокот од 6 години.
„Без разлика на вашиот пол, раса или место на живеење, ако сте поборник на пржената храна, мора да бидете свесни за ризикот од срцеви заболувања“ – вели главниот автор на статијата, Џејмс Шикани.