Техника на дишење со која ќе заспиете по 1 минута
Нема ништо полошо од тоа да лежите будни во ноќта и сè што посакувате е да го исклучите мозокот, а да не сте во можност. Знаете дека утре ве чека работа и дека ќе се чувствувате „мамурни“ од непроспиената ноќ, ама едноставно не ви оди од рака.
Сите ние барем еднаш во животот сме пробале со топло млеко, броење на овци или мириси на лаванда, но тие техники едноставно се неуспешни.
Постои техника на дишење која со сигурност ќе ви помогне оваа вечер да заспиете полесно.
Како работи?
4-7-8 техниката разбиена е од страна на Др. Ендру Веил од Аризона кој се инспирирал од добро познатите јога методи на дишење и може да ви помогне да заспиете и по само една минута, бидејќи дејствува како природен лек за нервниот систем кој ве ослободува од стресот и напнатоста.
Како треба да го правите?
Се прави во неколку чекори:
1. Пред да започнете ставете го јазикон на врвот на усните над забите и држете го таму додека трае вежбата.
2. Издишувајте низ уста доволно силно за да се слуша и благо „свирење“.
3. Подзатворете ја устата и вдишувајте тивко и мирно преку носот со ментално броење до 4.
4. Држете го здивот и бројте до 7.
5. Потоа издишете силно преку устата.
6. Повторно вдишете и постапката повторете ја 3 пати.
Како помага?
Вдишувањето на кислород го релаксира парасимпатичкиот нервен систем и ве смирува.
Се ребалансира нервниот систем кој може да биде премногу стимулиран за време на стрес состојба.
Ви го насочува вниманието кон дишењето, а не секојдневните мисли преку кој започнуваат фрустрациите и стресот.