Лутата храна ќе ви го продолжи животот
Научниците тврдат дека оние кои речиси секојдневно консумираат лута храна имаат помал ризик од прерана смрт. Откриено е дека кај оние луѓе кои сакаат пикантна храна има помал процент на смртност и појава на рак.
Се претпоставува дека за тоа одговорен е капсаицинот кој се наоѓа во чили пиперките, кој има антиоксидантно и антивоспалително дејство.
Истражувањето е направено од страна на списанието British Medical Journal на 487.000 луѓе кои биле на возраст од 30 до 79 години. Откриено е дека кај оние кои јадат зачинета храна, посебно пикантна стапката на смртност е за 14% помала.
„Нашата анализа покажува дека пости врска меѓу консумирањето на зачинета храна и должината на животот, односно кај оние кој јадат зачинета храна се намалува морталитетот“.
Сепак, останува прашањето дали овој резултат е добиен благодарение само на јадењето лута храна или пак и на останатите навики во исхраната.
„Нашата анализа покажува дека пости врска меѓу консумирањето на зачинета храна и должината на животот, односно кај оние кој јадат зачинета храна се намалува морталитетот“.