5 мали промени за кои телото ќе ви биде благодарно
Здравото тело не подразбира огромни промени во начинот на живот. Всушност, понекогаш е сосема доволно да ги измените најосновните работи за да забележите огромни промени во вашиот изглед.
Ова се топ 5 промени за кои телото ќе ви биде благодарно
1. Додајте неколку капки лимон во водата
Ова е буквално промена која ќе ви одземе по 10 секунди од секој ден, а може да направи чуда кога се работи за здравјето и убавината.
2. Наместо да пржите - печете
Вашите омилени компирчиња може да ги подготвите и во рерна, а да бидат подеднакво вкусни. Постапката е речиси идентична, со тоа што го избегнувате маслото. Добра замена е путерот или маргаринот во тава за печење.
3. Свинското заменете го со пилешко
Ако чувствувате дека месото ви е неопходен извор на протеини, заменете го свинското месо со бело, пилешко. Уште подобра алтернатива е рибата која е полна со здрави масти.
4. Помала масленост
Живееме во време во кое заради големата понуда можеме да пронајдеме буквално се. Така, на пример можете да најдете млеко со 3% масти, па и многу помалку. Со оглед на тоа што вкусот, а ни цената не се разликува многу, ова е промена која нема да ја почувствувате.
5. Житарки без шеќер
Ако сте навикнати наутро да појадувате житарки, следен пат кога ќе ги одбирате посветете се повеќе на составот. Шеќерите се кријат во сите намирници, па затоа многу важно е да ги читате етикетите.