2 причини зошто не смеете да ги употребувате пластичните шишиња повеќе од двапати
Пластичните шишиња се задолжителен додаток во жешките летни денови, бидејќи се наједноставен начин за носење на водата и другите освежителни пијалаци. Научниците велат дека истите не смее да се употребуваат повеќе пати.
Зошто?
1. Шишето е легло на бактерии
За време на летните горештини бактериите многу бргу може да се размножат и токму затоа посебно внимание треба да се посвети на приборот за јадење и пиење кој го користиме.
Најопасен дел е отворот од пластичните шишиња, бидејќи постојано го допираме со устата и таму каде има нерамни делови се создаваат бактерии.
2. Се ослободуваат штетни хемикалии
За да спречите ширење на бактериите шишето потребно е да го измиете со млака вода и сјај за садови и секако некои се одлучуваат за врела вода за да бидат сигурни дека шишето е добро испрано.
За жал токму тој обид да се исчисти шишето има свој контра ефект, бидејќи шишето не е конструирано за поголеми температури и од него се ослободуваат хемикалии.