Што значи висината на UV индексот кој го слушате на временската прогноза?

Летните горештини одамна се пристигнати, а со нив ги донесоа и штетните UV зрачења. И колку и да сме свесни за нивното негативно влијание постои можноста добро да не сме запознаени со нивното вистинско влијание.

uzivajte-vo-letoto-no-vnimavajte-na-zdravjeto-01

UV индексот е стандардна мерка која се применува за мерење на тоа какво влијание има соларната ултравиолетова радијација на човековата кожа.

Колку што е повисок UV индексот толку е поголем и ризикот од оштетување на кожата и очите.

Оваа мерка го зема во предвид и времето кое е потребно за да настане штетата.

UV индексот е поделен во 5 категории:


0 – 2

UV индексот кој варира помеѓу 0 и 2 означува мала опасност од штетните зрачења на ултравиолетовата светлина. Тоа значи дека, ако сакаме да се заштитиме од оваа варијација на ултравиолетовото зрачење потребно е пред сè да носиме очила со кои ќе го зачуваме нашиот вид.

Ако сте дел од оние луѓе кои лесно горат, тогаш неопходно е да започнете со употреба на креми кои имаат заштитен фактор +30 и да избегнувате силна светлина која може да се рефлектира од песокот и било која водна површина.


3 – 5

UV индексот кој варира помеѓу мерните единици 3 и 5 означува умерен ризик при изложување на штетните сончеви зрачења.

Тоа значи дека, во текот на оние часови коа сонцето е во или близу хоризонтот, потребно е да избегнувате директно изложување на сончевите зрачења. Ако веќе морате да бидете некаде во центарот на градот или на места каде нема сенка, тогаш најдобро е да носите облека која ќе ве заштити од штетното влијание.

Потребно е на секои 2 часа да нанесувате заштитна крема со фактор +30 и што е можно повеќе да избегнувате силна светлина.


6 – 7

UV индексот кој варира помеѓу мерните единици 6 и 7 означува висок ризик од оштетување на кожата и видот и потребна ви е сигурна заштита од овие влијанија на сончевото зрачење.

Ако UV индексот се наоѓа меѓу овие мерни единици, најдобро е да избегнувате директно изложување на сончевата светлина меѓу 10 и 16 часот. 

Ако веќе мора да бидете изложени на сончевата светлина, тогаш најдобро е да носите заштитна облека и очила за сонце.

Избегнувајте колку е можно повеќе директно изложување на сончевите зраци.


8 – 10

UV индексот кој варира помеѓу мерните единици 8 и 10 означува многу висок ризик од оштетување на кожата и видот.

Потребно ви е да примените дополнителни заштитни мерки од директно изложување на штетните сончеви зраци.


11 и повеќе

UV индексот кој варира од 11 и нагоре, укажува на екстремен ризик при директно изложување на сончевата светлина.

Потребно е да ги преземете сите заштитни мерки за да избегнете оштетување на кожата и видот. Употребувајте крема со заштитен фактор +50 и избегнувајте изложување на директна сончева светлина.


Без разлика на тоа колкав е UV индексот во текот на денот, најдобро е постојано да внимавате на вашата кожа, бидејќи сончевата светлина може да го зголеми ризикот од појава на рак на кожата.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg