Како настануваат изгорениците од сонцето? (видео)
Без разлика на тоа дали се сончаме на плажа или се разладуваме во вода, лекарите препорачуваат постојано да бидеме заштитени со креми со заштитен фактор и да избегнуваме изложување на сонце помеѓу 12 и 17 часот.
Ако не сме заштитени, добро познато ни е дека веројатно од одморот ќе се вратиме со болни и непријатни изгореници.
Но, зошто и како настануваат изгорениците?
Не е сонцето тоа кое не гори. Црвенилото потекнува од одбранбениот механизам на нашето тело.
Имено, радијацијата која доаѓа од ултравиолетовата светлина предизвикува оштетување на ДНК клетките.
Ултравиолетовото зрачење е поделено на три типови зрачење:
UVA
Има помала енергија и поголема бранова должина. Благодарение на тоа го добиваме финиот тен.
UVB
Ова зрачење е со средно кратки бранови кои можат да причинат доволно штета за да се појават изгореници.
UVC
Ова зрачење е со најкратка бранова должина и најголема енергија, но нема големо влијание на нашата кожа.
Кога кожата започнува да го детектира UVA зрачењето, рецепторите започнуваат да произведуваат специјални клетки кои се именувани како меланоцити. Тие произведуваат дополнителен меланин и ја потемнуваат кожата.
Од друга страна, UVB зрачењето директно влијае на DNK-то на клетките и го оштетува. Ако голем дел од клетките се уништени, се појавува имунолошката реакција во вид на изгореници.