12 решенија како да го ублажите чешањето кога ќе ве касне комарец
Ништо не може да ги уништи топлите летни денови и вечери како неуморното чешање по каснатините од комарци.
За да го олесните непријатното чувство кое од чешање може да премине во болка, пробајте неколку домашни, веќе испробани решенија.
1. Ставете коцка мраз за да го намалите отокот.
2. Истријте го каснатото место со внатрешната страна од кора од банана.
3. Направете паста од сол и вода и втријте на кожата.
4. Истото можете да го направите и со мешавина од сода бикарбона и вода.
5. Нанесете сок од лимон или мало парче на самата каснатина.
6. Изгмечете неколку аспирини и помешајте ги со вода додека не добиете паста. Смесата нанесете ја на местото кое ве чеша.
7. Направете купка од вода и крупна морска сол и одлежете неколку минути. Или на парче памук нанесете солена вода и ставете го како облога на местото.
8. Ставете малку паста за заби.
9. Или веќе искористена кесичка чај.
10. Прва помош за каснатини од комарци може да биде и дезодорансот. Доволно е да шприцнете малку на самиот убод.
11. Истријте го местото со масло од кокос.
12. Или послужете се со жесток алкохол на памукче и силно тријте го убодот.