2 пијалаци кои не смеете да ги пиете кога претерано се потите
Често ве облева пот, без оглед на тоа колку е топло надвор? Време е да се смирите и да протолкувате што сака да ви каже телото.
Еве во кои ситуации потењето е претерано и не би смееле да консумирате алкохол и пијалаци кои содржат кофеин, туку водата е добредојдена:
Потење предизвикано од стрес
По мирисот на потта многу лесно може да се познае дали сте под стрес, колку грозно и чудно да звучи. Кога ни е навистина топло, се активираат жлездите кои се наоѓаат низ телото и природно ја произведуваат потта која е составена од вода и соли кои немаат изразен мирис. Но, кога сте под стрес, потта ја произведуваат апокрините жлезди кои се сконцентрирани под пазувите. Таа пот се состои од маснотии и протеини кои се мешаат со бактериите, па така се создава непријатниот мирис.
Потење предизвикано од топлотен удар
Шетате, надвор е топло, а вие одеднаш чувствувате како нагло се потите и ви се врти. Тоа е првиот знак по кој ќе познаете дека сте на секунда од топлотен удар. Ако во тој момент веднаш на телото не му дадете вода, многу ризикувате. Потребно е да се тргнете на ладовина. Никако не смеете да пиете алкохолни пијалаци или пијалаци со кофеин во овие моменти затоа што тие ја поттикнуваат дехидратацијата.
Потење предизвикано од паднат шеќер во крвта
Засиленото потење може да биде и симптом на наглото паѓање на шеќерот во крвта. Овој проблем може да го решите со консумација на чоколадо или било какво слатко кое ви е при рака.
Бремени сте или влегувате во менопауза
Ако постои можност да сте бремени или пред менопауза, очекувајте зголемено потење и обрнете поголемо внимание на овој процес. И во овој случај избегнувајте да пиете алкохол и пијалаци со кофеин.
Имате хипертензија
Ако не можете да ја пронајдете причината, задолжително посетете лекар затоа што е можно да имате хипертензија. Тоа е здравствена состојба во која неконтролирано се потите без посебна причина.