Зошто е потребно веднаш да се откажете од грицкањето нокти?

Статистиката покажала дека дури 45% од младите и 10% од возрасните луѓе ја поседуваат оваа штетна навика.

zosto-e-potrebno-vednash-da-se-otkazete-od-grizenje-na-noktite-01.jpg

Покрај естетските последици, истата има и неколку здравствени последици и секако на крајот ќе бидете принудени да потрошите дополнително пари за да се ослободите од негативните последици.

1. Ги расипува забите

Во текот на гризењето забите не се во својата правилна положба, ослабуваат и поради тоа доаѓа до искривување.


2. Општо штети на здравјето

Добро познато е дека нашите раце се преполни со бактерии, а често забораваме редовно да ги миеме. Со гризење на ноктите бактериите се внесуваат во устата и истите може да предизвикаат разни инфекции.

Уште поголема опасност постои кај девојките. Лакот содржи разновини хемикалии кои ги внесуваат во организмот.


3. Се оштетуваат кутикулите

Редовното грицкање на ноктите дополнително влијае на појавата на инфекции на кутикулите како резултат на бактериите и микроорганизмите кои се пренесуваат на нив.


4. Се шират бројни вируси

Вирусите кои најчесто се наоѓаат на нашите раце како и бактериите ги внесуваме во нашиот организам. Најчест вирус кој се среќава кај возрасните е хуманиот папилома вирус.


5. Дополнителни трошоци

Поради сите овие наведени проблеми, порано или подоцна ќе бидете принудени да потрошите дополнителни пари. Посети на забарот, дерматологот и различните средства за ублажување на последиците.

Токму затоа најдобро е да запрете со штетната навика која не ви носи ништо добро.

Би можело да ве интересира:

Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Лоши навики во домот кои треба да престанете да ги правите веднаш Колку често ги чистите кваките во вашиот дом? А дали ви текнува да го исчистите ...
Како да се заштите од уринарни инфекции кога пливате во базен? Само еден пливач може да внесе милијарди микроби, вклучително и фекални честички...
Како се пренесува птичјиот грип и колку е опасен за луѓето? Птичјиот грип е болест која е присутна кај птиците, но може да се пренесе и на л...
Аденовирус кај деца: Како се пренесува, кои се симптомите и како се третира? Инфекцијата со аденовирус може да се појави кај дете на која било возраст. Децат...
Ја регулира тежината, ја чисти кожата – Зошто треба да пиете вода со нане (и како да ја направите)? Нането има природни антибактериски својства, па може да го освежи здив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg