7 делови на телото кои никако не смеете да ги допирате со прсти

Кога ви е досадно, сигурно многу пати си ги триете очите или си ја допирате устата, без да знаете дека најголемите болести се шират по тој пат.

7-delovi-na-teloto-koi-nikako-ne-smeete-da-gi-dopirate-so-prsti-01.jpg

Дури и кога редовно си ги миете рацете, овие 7 делови од телото не смеете да ги допирате со прсти:

1. Лице

Допирањето на лицето треба да го сведете на минимум, односно да го ограничите само на миење и мачкање креми. Кога еднаш ќе допрете валкана површина, па потоа ќе го допрете лицето, ризикувате да си нанесете кожни инфекции или да го поттикнете создавањето на акни.


2. Ушна школка

Пикањето прсти и стапчиња е ризично заради тоа што кожата таму е посебно тенка и склона кон воспаленија. Честото чешање на ушите мора да се лекува, па затоа ако случајно почувствувате некакви симптоми најпаметно е да ги тргнете рацете подалеку.


3. Очи

Допирањето на очите е дозволено само ако ставате леќи или отстранувате некоја трепка. Освен во овие ситуации, рацете треба да ги држите на страна од очните капаци. Големи се шансите да предизвикате сериозни инфекции. Ако имате суви очи или било какво друго пецкање, посетете лекар.


4. Уста

Неодамна едно британско истражување покажало дека луѓето ги ставаат прстите во уста 20 пати во текот на еден час кога им е здодевно. Третина од овие лица се заразиле од бактерии по овој пат.


5. Нос

Престанете да го барате скриеното богатство. Лицата кои го чепкаат носот имаат 51%  поголеми шанси да се заразат со стафилокока.


6. Нокти

Стручњаците советуваат дека би требало да имаме што пократки нокти, затоа што просторот под нив е одлично место за собирање и размножување на бактериите. Уште поголема опасност лежи во фактот што ретко кои луѓе секојдневно ги чистат ноктите или ги чистат со ноктите од другата рака. Затоа, најпаметно ви е да имате кратки нокти и да не ги чепкате многу.


7. Анален отвор

Единствен контакт кој би требало да го имате со овој дел од телото е бришење со тоалетна хартија. Во спротивно, може многу лесно да раширите зарази.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg