7 грешки кои ги правиме на сонце, а го загрозуваат здравјето на кожата
На сите добро познати ни се правилата за добро и здраво сончање, но и покрај тоа постојат неколку грешки кои постојано ги правиме.
Добро ни е познато дека подобро е да го избегнуваме сонцето меѓу 11 и 17 часот и дека потребно е да користиме што е можно повеќе крема за сончање. Но, понекогаш не нанесуваме доволно крема или пак се одлучуваме за факто кој не не заштитува доволно.
Ова се 7 основни грешки кои ги правиме за сонце:
1. Не нанесуваме доволно крема
За адекватна заштита од штетните ултравиолетови зраци погрижете се секој дел од телото да биде добро премачкан. Ова особено важи за лицето. Во просек потребни ви се околу 40ml средство при секое мачкање.
2. Забораваме на нанесеме нов слој на млеко за сончање
Пристигнувате рано наутро на плажата и при првото соблекување го нанесувате средството за сончање и тоа за вас е доволно.
Правилната заштита од сончевите зраци подразбира одново нанесување на млекото после секое бањање во морето или езерото. Дури и да не влегувате во водата потењето ја намалува способноста на млекото и потребно е одвреме навреме одново да го нанесете кремот.
3. Користиме средство со погрешен SPF фактор
Неопходно е да знаете дека кремите со SPF заштитен фактор го спречуваат влијанието на UVB зраците. Во висината на факторот на кремот зависи моќноста на апсорбирање на овие зраци и заштитата на кожата. Колку е поголема бројката толку подобро сте заштитени.
Оние кои имаат исклучително нежна и осетлива кожа потребно е да користат SPF 50 фактор.
4. Погрешно го употребуваме спрејот за сончање
Спрејовите можеби полесно и побрзо се нанесуваат од кремите за сончање, но нивната лоша страна е што со нив не се покрива целата површина на кожата.
За правилно нанесување потребно е спрејот да го држите околу 5 секунди на поединечните места и потоа со дланките да ја размачкате течноста.
5. Забораваме да го користиме средството за сончање
Млекото со заштитен фактор не се употребува само додека сте на плажа. Заштита ви е потребна и за време на шетањето во градот, односно во миговите кога сонцето ја допира вашата кожа.
Стручните лица препорачуваат нанесување на крема со минимум 30 SPF заштитен фактор.
6. Не нанесуваме средство за сончање под облеката
Верувале или не облеката не е доволна заштита на вашето тело од штетните зрачења. Обичната бела маица има само 3 SPF заштитен фактор. Токму затоа неопходно е во текот на топлите летни денови да користите крема за сончање и неа да ја нанесувате на површината на целото тело.
7. Забораваме на капаците на очите, ушите и темето.
При аплицирањето на кремата поголемиот дел од нас забораваат да премачкаат одредени делови од главата како што се ушите на пример или очните капаци. И овие делови на телото се подлежни на штетното влијание на UV зраците и на горење.
Таков е случајот и со темето на главата. Кога станува збор за косата, доколку не сакате да биде масна по премачканата крема можете да употребувате полесни варијанти на сппрејови кои бргу се сушат.