6 можни причини зошто ве чеша таму долу

Чешањето во гениталната зона може да биде последица на разни фактори, од нарушување на хормоните до полово преносливи болести.

zosto-ve-cesa-tamu-dolu-01

Сите тие може на различен начин да се лекуваат, но важно е да ги знаете причините кои ги предизвикуваат за соодветно да ги третирате.

Овие 6 причини се најчести за чешањето кое го чувствувате во долниот дел:

1. Габични инфекции

Поради нарушување на природната киселоста на вагината може да настанат вагинално чешање и габични инфекции. Можат да се појават по употреба на некои антибиотици, хормонална контрацепција, поради стрес или кога ќе ја промените исхраната.

Кај габичните инфекции се појавував густ бел исцедок и ретко се пренесува на мажите. Се препорачува измивање со благи средства, крема Canesten, a летно време се препишува на рецепт и лекот Глуконзол.


2. Полово преносливи болести

Срамните вошки може да предизвикаат чешање. Во тој случај треба да купите соодветен шампон против вошки од аптека, да ги отстраните срамните влакна и ќе се ослободите од нив.


3. Склерозен лишај

Тоа е хронично воспаление на кожната болест чиј главен симптом е вулварната иритација со појава на бели точки на кожата. Болеста треба да ја дијагностицира гинеколог и да ја лечите со препишани лекарства.


4. Егзем и псоријаз

Оваа кожна болест може да предизвика црвенило, нафрлување и чешање во пределот на гениталиите. Слабиот кортикостероид како хидрокортизон и купка со зобна каша може да го ублажат непријатното чувство. Ако по една недела не почувствувате смирување, мора да се обратите на гинеколог.


5. Хормони

При секоја хормонална промена ( за време на месечниот циклус, бременоста, менопаузата или ако користите контрацептивни таблети) може да се јави вагинално чешање. Вагиналната сувост е индикатор дека хормоните се одговорни за чешањето. Избегнувајте да користите влошки со мирис кои може да ви ги иритираат гениталиите. Доколку чешањето зачести, посетете гинеколог.


6. Други болести

Вагиналното чешање може да се јави и како последица на други здравствени проблеми како што се жолчни и бубрежни камчиња. Во тој случај треба да ја излечите примарната болест за чешањето да исчезне.

Би можело да ве интересира:

Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...
Колку е опасен убодот од болви + како да го намалите чешањето? Убодот од болви обично не е опасен, но кај некои луѓе може да предизвика алергис...
Како да се заштите од уринарни инфекции кога пливате во базен? Само еден пливач може да внесе милијарди микроби, вклучително и фекални честички...
Што се матични клетки, зошто се важни и во кои делови од телото се наоѓаат? Матичните клетки се уникатни бидејќи имаат способност да се трансформираат во др...
Рефлукс - што го предизвикува и како да го контролирате? Доколку чувствувате печење веднаш под градите и киселини повеќепати неделно, вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg