Хормонот на љубовта
Окситоцинот, хормон кој влијае на социјалното однесување е попознат како „хормон на љубовта“. Овој хормон се ослободува при емотивен набој, влијае...
...на развивање на интимноста и чуството на припадност во врската.
Според Kai MakDonald од калифорнискиот универзитет, контактот „очи во очи“, кој го поттикнува лачењето на окситоцинот е клучен за односите помеѓу партнерите и размената на емоции како што се љубовта и довербата.
Масажата, прегратките и оргазмите предизвикуваат зголемено лачење на окситоцинот, така да кај оние луѓе кои се во брак или во врска нивото на овој хормон е далеку повисоко, отколку кај оние кои немаат партнер/ка.
Моментално се работи на неколку независни испитувања со цел да се потврди дали окситоцинот може да помогне во лечењето на шизофренијата, аутизмот или анксиозноста.
Кога се зголемува нивото на окситоцин, опаѓа чуството на вознемиреност и страв.
Исто така, овој хормон влијае и на развивање на чуство на доверба кон околината, па научниците се надеваат дека во иднина ќе може да се користи како дел од терапијата кај некои од психичките пореметувања.