Лекувајте се природно: Народни рецепти со кромид

Лекување на силната главоболка, намалување на температурата, за силната кашлица...кромидот ќе ви помогне да излекувате природно многу болести.

lekuvajte-se-prirodno-narodni-recepti-so-kromid-01.jpg

Кромидот од секогаш бил дел од нашата трпеза, без разлика дали се консумира сиров или како дел од некоја салата.

Овие народни лекови со кромид ќе ви помогнат во разни здравствени состојби:

Облоги од кромид

lekuvajte-se-prirodno-narodni-recepti-so-kromid-2

  • За главоболка, оток, болки во ушите, настинка, воспаление на очите ставете облози од исечкан кромид на болните места.
  • За висока температура облозите од исечкан кромид се ставаат на нозете.
  • За крвавење односот, исечканиот кромид во облог се поставува на вратните жили.
  • Ако ве гризне диво животно, на раните ставете облог од исечкан кромид.
  • За чир на кожата или за поткожен чир, изрендајте еден кромид и измешајте го со малку маслиново масло, а потоа ставете го на болното место и држете 1 или 2 часа.


Сок од кромид

lekuvajte-se-prirodno-narodni-recepti-so-kromid-3

  • Исчистената главина кромид издробете ја во каша и од неа исцедете го сокот. Доколку имате воспаление на белите дробови или некои други заболувања, мешајте го сокот од кромид со 1 супена лажица мед и земајте 2,3 пати на ден.
  • За спречување на опаѓањето на косата и за подобар раст, масирајте го темето на главата со сок од кромид повеќе пати на ден.
  • За силната и упорна кашлица пијте од сокот разреден со вода. Истиот рецепт важи и кај појавата на паразити во цревата.
  • За лишаи на кожата, мачкајте се со сок од кромид повеќе пати на ден.
  • Против надуеност на стомакот пијте сок од кромид помешан со ракија во еднакви размери.


Варен кромид

За често мокрење, зовријте 1 главица кромид исечкана на повеќе делови во 2dl вода заедно со 1 супена лажица мед. Потоа, кромидот зовријте го со малку рузмарин, 2dl вода и 2dl вино и на секој час пијте по 1 супена лажица.


Печен кромид

lekuvajte-se-prirodno-narodni-recepti-so-kromid-4

  • Кај гнојните рани и чиреви најпрво се мијат болните места, а потоа на нив се става кромидот претходно печен во свинска мас.
  • Доколку имате проблем со згрутчување на крв, тогаш секој ден јадете 1 главица пржен кромид во маслиново масло, попладне и навечер.
  • Кај болки во ушите се држи малку топол печен кромид во облог, а инсектите излегуваат од ушите доколку во нив ставите неколку капки сок од печениот кромид.
  • Кај разните видови на тумор на површината од кожата се ставаат облози од печен кромид. 

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Папочна кила кај бебиња и мали деца: Како да ја препознаете и како се третира? Главниот знак на папочна кила е видлива испакнатина под кожата околу папокот. Та...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg