Не сте свесни колку е опасно: Што ќе ви се случи ако носите градник со погрешна големина?
Некои истражувања покажуваат дека 70 до 80 проценти од жените носат погрешна големина на градник, несвесни дека покрај естетскиот проблем си го нарушуваат и здравјето.
Физијатрите предупредуваат дека секоја жена би требало добро да си ги провери мерките пред да купи било каков градник. Во спротивно, многу брзо ќе почувствува болка во грбот, рамениците, вратот, вкочанување на нервите, кожни осипи и пецкање во долниот дел на градите.
Стандардните градници често пати се многу тесни во делот околу ребрата, а проблемот се зголемува и заради тоа што немаат доволна поддршка во предниот дел, што понатаму доведува до опуштање на градите.
Но, тоа е само почеток. Ако имате чести главоболки, причината би можеле да бидат прерамките. Премногу стегнатите прерамки може да доведат до намалена циркулација на крвта.
Уште една грешка е избегнување на спортскиот градник. Тој е дизајниран за да им понуди поддршка на градите во сите движења кои ги правите, а ако го избегнувате за време на физичките активности ризикувате да предизвикате опуштање на градите.
Делува неверојатно, но градникот може да предизвика и проблеми со варењето, односно да им ја попречи работата на цревата.
Како да откриете дека носите погрешен градник? Погледнете тука.