Како да го одберете идеалниот спортски градник?
Освен правилната техника при вежбањето, потребна ви е и правилна гардероба, а тука спаѓа и спортскиот градник.
Вежбањето со обичниот градник знае да биде неудобно, па честопати престанувате со вежбата само за да го наместите градникот или да ги попуштите или затегнете прерамките.
Ако сѐ уште го носите секојдневниот градник за вежбање, тогаш време е да се подновите и да го одберете правилниот спортски градник:
1. Одредете ја вашата големина
Дури над 70% од жените не ја знаат точната големина на својот градник и речиси никогаш не го купуваат вистинскиот број. Затоа пред да купите спортски градник морате да ја знаете точната големина на истиот и на секои шест месеци одново мерете ја големината, бидејќи промените на вашето тело се нормални, а особено се истакнуваат при физичка активност.
2. Со компресија или херметички
Спортските градници имаат различни карактеристики, но генерално се поделени во две групи. Спортските градници со компресија ги стегаат вашите гради со цел да нема движење и овие се одлични доколку одите на зумба или често трчате.
Додека пак, другиот вид на градници односно херметички, се препорачуваат на жени со поголеми гради и овозможува правилно држење на градите.
3. Разгледајте ги карактеристиките
Овие карактеристики ги вклучуваат бојата, дизајнот, материјалот и деталите кои ги имаат.
- Материјалите кои ја апсорбираат влагата се одлични бидејќи ја апсорбираат и потта во тој дел од вашето тело. Избегнувајте памучни градници, бидејќи ја задржуваат целата пот на вас.
- Широките ремени се исто така препорачливи бидејќи ќе ви го опфатат поголемиот дел од рамената и нема да почувствувате големо притискање или стегање.
- Стегањето на долниот дел исто така е од голема важност со цел да не доведе до движење на вашиот спортски градник. Ластикот на долниот дел треба да ви овозможи нормално дишење, но сепак на почетокот нормално е да почувствувате малку притисок.
- Во однос на стегањето, постои начин на кој можете да проверите и тоа со вашиот палец. Долниот ластик на вашиот спортски градник треба да има простор колку за вашиот палец, а не повеќе. Ако не сте сигурни, земете друга големина и повторно пробајте.
Секогаш гледајте спортскиот градник да ви биде удобен и изберете го оној чии карактеристики целосно ќе се совпаднат со вашиот вкус.