Зошто и покрај тоа што спиете многу, сè уште се чувствувате уморно?
Иако сте се наспале повеќе од 9 часа, сепак едвај издржувате до крајот на работното време, а потоа веднаш штом дојдете дома си легнувате.
Навистина е тешко да функционираме во текот на денот ако константно се чувствуваме уморни, а една од причините за тоа може да е некоја од овие:
1. Дехидрација
Многу од луѓето имаат хронична дехидрација, а овошјето и зеленчукот ќе ви помогнат да го снабдите телото со доволно количество на вода. Во текот на денот избегнувајте газирани пијалаци, сокови, премногу кафе или чај со цел да го избегнете уморот. Цел ден пијте доволно количество на вода и јадете овошје и зеленчук.
2. Недоволно масти
Здравите масти се од голема важност за организмот, а истите можете да ги надоместите преку јајцата, авокадото, кокосовото масло, оревите и семките. Избегнувајте нездрава и пржена храна, како и премногу зашеќерени десерти.
3. Недостаток на хранливи материи
Брзата храна можеби ќе ве најаде, но таа нема да му ги даде на вашето тело потребните хранливи материи. Препорачливо е дневно да внесувате 40 грама протеини, витамини и минерали.
4. Физичка активност
Кога не се движите, тогаш се јавува уморот. Движењето и физичката активност му се неопходни на организмот, со цел вашиот мозок да добие циркулација.
5. Недостаток од шеќер
Доколку ви паѓа шеќерот, тогаш ќе ви паѓа и енергијата. Шеќерот влијае врз метаболизмот и мозокот, но не посегнувајте по нездрави слатки, туку посегнете по медот и овошјето.
6. Витамин Б12 и фолна киселина
Фолната киселина е важна за нормално функционирање на мозокот, како и за добро емоционално и ментално здравје. Овие витамини го спречуваат уморот, депресијата, деконцентрацијата и несоницата.
Од утре, обидете се да ги промените навиките и да ги примените овие совети.