18 причини зошто секој ден да го започнувате со топла вода и лимон

Водата со лимон е одличен начин да ја изгасите жедта, а истовремено и да го нахраните телото со потребните витамини и минерали. Лимонот со вода покрај тоа се смета за најприродниот енергетски пијалак.

18-pricini-zosto-sekoj-den-da-go-zapocnuvate-so-topla-voda-i-limon-01.jpg

Кога ќе се разбудите наутро вашето тело сигурно е дехидрирано и има потреба од течности кои ќе ги исфрлат вишокот токсини од него.

Тогаш, време е да посегнете по домашна лимонада направена од топла вода и 1 лимон.

Постојат најмалку 18 добри причини за тоа:

1. Водата со лимон го снабдува телото со електролити кои се неопходни за хидратација.

2. Лимонот содржи калиум, калциум и магнезиум.

3. Водата со лимон е добра за зглобовите, а ги намалува и болките во мускулите.

4. Топлата вода со лимон помага при варењето на храната. Лимонската киселина заедно со други ензими го стимулира излачувањето на желудочен сок кој е од клучно значење за лесното варење.

5. Водата со лимон го чисти црниот дроб.

6. Сокот од лимонот исто така го стимулира да се ослободи од токсичните материи.

7. Водата со лимон помага во борбата со инфекции, при воспаление на грлото и крајниците.

8. Топлата вода со лимон ја регулира работата на цревата.

9. Добра е и за стабилизирање на метаболизмот.

18-pricini-zosto-sekoj-den-da-go-zapocnuvate-so-topla-voda-i-limon-02.jpg

10. Го смирува нервниот систем затоа што лимонот содржи калиум. Депресијата и анксиозноста се чест резултат на ниското ниво на калиум во крвта, па затоа секоја капка лимон во телото е добредојдена.

11. Лимонот е моќен антиоксиданс кој го зајакнува имунитетот.

12. Водата со лимон ги чисти крвта, крвните садови и артериите.

13. Водата со лимон може да го намали крвниот притисок за 10%.

14. Ја враќа правилната pH вредност на телото, што е неопходно за успешна борба со болестите и инфекциите.

15. Водата со лимон е одлична за кожата. Витаминот Ц има посебно ефикасен подмладувачки ефект.

16. Оваа комбинација е посебно корисна за бремените жени. Витаминот Ц помага при формирањето на ткивото на нероденото бебе, а истовремено калиумот помага да се формираат здрави мозочни клетки и здрав нервен систем кај плодот.

17. Водата со лимон го поттикнува слабеењето. Лимонот содржи влакна кои ве заситуваат.

18. Помага и кај болките во забите и воспаленијата на непцата.

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg