Бојата влијае на успехот
Бојата на облеката во која вежбате може значајно да влијае на успехот кој ќе го постигнете во физичките и менталните активности. Се препорачува...
...бојата на облеката да ја избирате во зависност од тоа дали се занимавате со активен или умерен вид на рекреација.
Така облеката во црвена боја е одлична за адреналинските зависници бидејќи го зголемува нивото на енергетскиот потенцијал, го буди адреналинот и се препорачува кај боречките и екстремните спортови.
За концентрација пак е најдобро да одберете облека во сина боја.
Различните тонови на сината боја ќе Ви помогнат да воспоставите максимална концентрација, а се препорачуваат за оние кои трчаат, пливаат, возат велосипед или возат ролерки.
Зелената боја носи мир и спокој, па така облеката во оваа боја помага во опуштање на организмот и подобрување на расположението.
Па така кога вежбате јога, пилатес или фитнес најдобро би било да одберете облека во зелена боја.
За активностите кои вклучуваат ментално напрегање (како што се шахот и голфот) најдобар избор е облека во сива боја која ги буди сивите мозочни келии. Носењето сивата облека ги разбиструва мислите.
За креативност и спортски дух пак се препорачува жолтата боја бидејќи помага во постигнувањето успех и го буди оптимизмот кај спортистите. Тенисот е спортот во кој жолтата опрема најмногу доаѓа до израз.