Ако оваа храна ја јадете навечер, правите огромна грешка

Цели 70% од луѓето со вишок килограми вечераат доцна, а во оброците ги вклучуваат намирниците кои се строго забранети навечер.

ako-ovaa-hrana-ja-jadete-navecer-pravite-ogromna-greska-01.jpg

Покрај тоа што ризикувате да накачите неколку килограми, овие 5 намирници може да ви го попречат добриот сон. Затоа, обидете се да ги избегнувате.

1. Зачинета храна

Пред спиете системот за варење се забавува, а на организмот му е потребна поголема енергија за да ја свари зачинетата храна. Токму затоа овие оброци може да ви го нарушат сонот. Исто така силните зачини ја подигаат температурата на телото, што може да ви пречи додека заспиете.

ako-ovaa-hrana-ja-jadete-navecer-pravite-ogromna-greska-02.jpg


2. Црвено месо

Додека намирниците кои содржат здрави количини на протеини (млеко, путер од кикирики, бадеми) може да ви помогнат да заспиете, црвеното месо ви прави поголема штета отколку услуга. Иако се препорачува за губење на вишокот килограми, избегнувајте го доцна навечер затоа што му штети на желудникот. Исто како и кај зачинетата храна, така и црвеното месо си бара повеќе енергија за варење и преработување.

ako-ovaa-hrana-ja-jadete-navecer-pravite-ogromna-greska-03.jpg


3. Овошје и зеленчук

Одлично е да ги консумирате во било кој дел од денот, освен доцна навечер. Карфиолот и брокулата на пример содржат триптофан кој го поттикнува производството на серотонин во телото, како и влакна кои се тешки за разградување. Кога се работи за овошјето, потрудете се да го консумирате исклучиво претпладне.

ako-ovaa-hrana-ja-jadete-navecer-pravite-ogromna-greska-04.jpg


4. Вода

Иако водата не може да ви наштети, би требало да внимавате со консумирањето навечер. Се препорачува да испиете 1-2 литри во текот на денот, но ако го направите тоа после 19 или 20 часот, големи се шансите дека сонот ќе ви биде нарушен заради честата потреба за мокрење.

ako-ovaa-hrana-ja-jadete-navecer-pravite-ogromna-greska-05.jpg


5. Кашкавал и сирење

Кашкавалите и сирењата се претерано калорични, заради што треба да ги избегнувате. Покрај тоа содржат и тирамин - аминокиселина која го стимулира мозокот и го буди, што само ќе ви го отежни заспивањето.

ako-ovaa-hrana-ja-jadete-navecer-pravite-ogromna-greska-06.jpg

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg