7 причини зошто жените треба почесто да пијат пиво

Умереното консумирање на пиво може да биде добро за здравјето, посебно за жените. Ако сте љубител на темното пиво пак, со негова помош може преку ноќ да станете поубави.

7-pricini-zosto-zenite-treba-pocesto-da-pijat-pivo-04.jpg

Еве зошто не е воопшто лоша идеја да испиете 1 чаша пиво по напорниот работен ден:

1. Ги зајакнува коските

Жените кои пијат пиво 2 пати дневно имаат многу посилни коски од оние кои не уживаат во вкусот на овој пијалак. Овој резултат е објавен во еден американски магазин за природна медицина.

Пивото содржи значајни количини силициум, еден од најзначајните елементи кои се наоѓаат во коските. Затоа умерената количина на пиво посебно им се препорачува на жените во менопауза, која е поврзана со стенчување на густината на коските.


2. Превенција против настинки и има анти-воспалителни дејства

Пивото е одличен извор на витамини и минерали како магнезиум, калциум и селен кои го штитат телото од сезонските болести и настинки. Покрај тоа содржи и бројни антиоксиданси кои го зајакнуваат имунитетот.

7-pricini-zosto-zenite-treba-pocesto-da-pijat-pivo-01.jpg

3. Ја разубавува кожата

Пивото е одличен извор на витаминот Б, комплекс од рибофлавин, тиамин, ниацин, пантотенска киселина, пиридоксин, фолна киселина, биотин и кобаламин, кои се задолжени за убава и затегната кожа. Покрај тоа, витаминот Б помага во одржувањето на мускулите, односно му дава енергија на целото тело.

Постои дури и урбана легенда која вели дека комарците бегаат од луѓе кои имаат доволна количина витамин Б во телото.


4. Ја намалува подуеноста на телото

Истражувањата покажуваат дека темното пиво има многу повеќе хранливи состојки од светлото. Во 350ml темно пиво се наоѓа повеќе од 1g прехранбени влакна кои му помагаат на системот за варење, ја намалуваат подуеноста и ја регулираат столицата.

7-pricini-zosto-zenite-treba-pocesto-da-pijat-pivo-02.jpg

5. Го убива пролетниот замор

Се чувствувате заморно и раздразнето? Веројатно патите од пролетен замор, кој помеѓу другото се поврзува со нивото на железо во крвта. Железото многу тешко се апсорбира од храната, па треба да го консумирате и на други начини. Темното пиво е одличен извор на овој минерал.

Плус, истиот минерал во комбинација со витаминот Б им помага и на луѓето кои патат од несоница.


6. Го штити срцето

Умереното внесување на пиво ја зголемува количината на добар холестерол, а го намалува лошиот, односно ја разредува крвта и го намалува ризикот од срцев удар.

Едно италијанско истражување докажало дека жените кои пијат по 1 пиво дневно имаат 42% помали шанси да заболат од срцеви болести.

Покрај тоа, умереното пиење на алкохол ја намалува можноста да добиете дијабетес тип 2.

7-pricini-zosto-zenite-treba-pocesto-da-pijat-pivo-05.jpg

7. Хидратација по вежбање

Заборавете на енергетските пијалаци - после напорниот тренинг испијте една чаша пиво.

Шпанските научници докажаа дека пивото многу подобро го хидрира телото, дури подобро и од обичната вода.

Пивото е богато со биотин кој е важен за добивање на енергија, па затоа е одлична замена за вода по спортувањето. Пивото релаксира, делува анти-воспалително и е хранливо.

Би можело да ве интересира:

Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Колку е опасен убодот од болви + како да го намалите чешањето? Убодот од болви обично не е опасен, но кај некои луѓе може да предизвика алергис...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg