Сакала да личи на Миранда Кер, па затоа изгубила 30 килограми. Сега се бори со анорексија
Кристи Свадлинг е 18-годишна девојка која наместо да се занимава со тоа каде ќе го продолжи образованието, води битка со анорексија.
Кристи најмногу ги обвинува фотошопираните модели за ситуацијата во која што моментално се наоѓа.
„Ги гледав фотографиите од светските супермодели како Миранда Кер и мислев дека и јас треба да изгледам така. Всушност, несвесно станав двојно послаба од моделите кои ме инспирираа, а мојата болест ме тераше и понатаму да слабеам.“
Приказната ја објави и на YouTube под наслов „Како анорексијата за малку ќе ме убиеше“. До сега видеото е прегледано повеќе од 630.000 пати, а околу 8.000 луѓе на Инстаграм ја следат борбата на Кристи со килограмите.
Додека била тинејџерка гладувала само за да ги симне тие 30 килограми кои мислела дека треба. Внесувала најмногу по 300 калории дневно и постојано слушала некој глас во главата кој и кажувал дека треба да биде уште послаба.
Семејството не ја забележало страшната внатрешна борба на Кристи, сè додека не се претворила во жив костур.
По воспоставување на дијагнозата, Кристи признава дека била згрозена од одразот во огледалото. Гледала како полека се убива.
„Тогаш почнав да јадам и искрено не беше ни малку лесно,“ вели Кристи.
Моментално оваа млада девојка секојдневно вежба и има воспоставен режим на исхрана. Нејзината животна приказна најдобро може да ја следите преку нејзиниот Инстаграм профил.