Лекувал со шеќер?
Еден африкански доктор ги фасцинирал своите колеги во болницата во Бирминген кога почнал раните на своите пациенти да ги лекува со шеќер. Било...
...откриено дека посипувањто на раната со шеќер делува прилично смртоносно за бактериите. Мозес Мурандуино ја донел оваа традиција од своето село во Зимбабве.
Своите пациенти почнал да ги лекува со шеќер, така што го посипувал врз отворените рани со цел тие да зараснат побрзо и побезболно.
Како поттик за истражување на своите племенски методи, 40 годишниот доктор добил престижна стипендија од фондацијата Le Louis Scientific Research Innovation Award.
Тој лекувал стотици пациенти во 4 болници и бележел многу позитивни резултати. Тајната е во тоа што шеќерот ја апсорбира водата од раната така што им оневозможува на бактериите кои паразитираат на поткожното ткиво да се развиваат.
Во исто време ги храни деловите кој се под раната со што им овозможува побрз допир до кислород за побрзо заздравување.