Како да ја излечите настинката за 24 часа, без апчиња?
Досадните настинките како со нетрпение да чекаат имунитетот да ни ослабе. А штом почувствувате дека болката во грлото и течењето на носот ве совладаат, еве што треба да направите.
1. Повеќе течности
Обичната вода и сокот ќе го ублажат гребењето на грлото и ќе го одзатнат носот. Освен чаевите се препорачува и пилешката супа, затоа што ги враќа минералите и електролитите во телото.
2. Испирање на грлото
Растопете 1 лажичка сол во чаша млака вода и правете гаргара за да го исчистите од бактериите и вирусите.
3. Лесна гимнастика
Неколку лесни вежби сериозно може да ви помогнат да се изборите со настинката. Но, важно е телото да не се напрега премногу, па физичките активности не би требало да се напорни.
4. Хранлива вечера
Сонот е лековит, а намирниците кои ќе ги консумирате пред спиење може да го зајакнат позитивниот ефект. Кога сте настинати обидете се да вечерате месо кое не е масно, риба, грав, интегрален ориз и зеленчук богат со антиоксиданси.
5. Жежок туш
Непосредно пред да си легнете, истуширајте се со жешка вода. Таа ќе ги опушти мускулите, а пареата ќе ви помогне полесно да дишете.