Исфрлете ги овие работи од домот и зачувајте си го здравјето
За да бидете здрави, не е потребно само да водите активен живот и да внимавате на исхраната, туку и да погледнете убаво во вашиот дом...
Време е да направите генерално чистење и да ги исфрлите работите кои ви го наштетуваат здравјето:
Стари пластични садови
Прегледајте ги пластичните садови за чување на храна кои ги имате и фрлете ги сите кои се произведени од чиста, цврста пластика која на себе ја содржи ознаката 7 или поликарбонат. Овие пластични садови содржат материи кои се опасни по здравјето.
Антибактериски сапуни
Антибактериските сапуни не се ништо подобри во убивање на бактериите од останатите сапуни, а истите можат да бидат и штетни. Хемикалиите кои ги содржат се толку силни што може да предизвикаат отпорност на антибиотици.
Износени патики
После секои 500 или 650 километри, заменете ги патиките за трчање или спортување. Ако трчате 50 километри неделно, веќе после 3 месеци треба да ги промените патиките. Кога истите премногу ги носите можат да предизвикаат болки во мускулите и коските. Доколку не спортувате, патиките менувајте ги на секои 6 месеци.
Истрошени четки за заби
Веќе после 2 месеци употреба, четката за заби треба да ја фрлите. Расцветените четки за заби се помалку ефикасни, па ако ги користите само го поттикнувате крвавењето на непцата и забите.
Облека која веќе не ја носите
Ако вашиот гардеробер е преполн со облека која ја немате облечено ниту еднаш изминатава година, тогаш време е за чистка. Нема смисла да се нервирате копајќи низ гардероберот секој пат кога се облекувате.