Biotex - облека со сензори
Интелигентниот текстил кој содржи сензори, може да го следи телесниот проток на крв и пот. Европските научници кои учествуваат во програмата...
... Biotex која ја финансира Европската комисија, развиваат облека која ќе може да го прати здравјето на личноста која го носи.
Освем здравствени, користа ќе биде и финансиска бидејќи со тоа ќе се намалат трошоците за дијагностика во амбулантите и болниците.
Следење на повредени спортисти и хронично болни
Податоците од овој интелигентен текстил кој го следи телесниот проток на крв и пот, ќе ги обработува микропроцесор. Според зборовите на истражувачите, таквата облека примена ќе најде и кај здравите пациенти кои штотуку излегле од болница, кај повредени спортисти или кај луѓе кои се хронично болни.
Во иднина ќе се работи на сензори способни за следење на заздравување на раните, воочување на абнормалности во метаболизмот како и рано дијагностицирање на болести и инфекции.
Штотуку развиен прототип
Во проектот на кој работат 8 истражувачи од институтот од Швајцарија (Centre Suisse d´Electronique et de Microtechnique), Франција(Commissariat à l'Energie Atomique), Италија и Ирска, за сега е развиен само прототип на новата облека, а следниот чекор е неговото тестирање на група на волонтери.
Истражувачите напоменуваат дека таквата облека сепак нема во целост да ги замени традициналните начини на дијагностицирање. Но секако ќе биде од драгоцена помош на класичната медицина.