5 знаци дека итно ви е потребна детоксикација: Несоница, потреба за слатко...
Ако цело време имате желба за слатки, уморни сте, кивате, тогаш веројатно и вие сте еден од потенцијалните кандидати за детоксикација...
Откријте ги знаците и погледнете како краткорочно можете да ги намалите непријатните последици од потребата за детоксикација:
1. Алергија
Ако периодов ви се зголемуваат симптомите на алергија, тогаш сигурно во прашање е вашиот организам и имунитет. Затоа, направете детоксикација на организмот и намалете ги последиците што повеќе. Најдобро е да се лекувате со природни производи како пчелен мед, прополис и полен.
2. Несоница
Ако имате проблем со спиењето, големи се шансите да имате проблеми со црниот дроб, кој работи прекувремено и ви оневозможува да заспиете. Краткорочно со овој проблем можат да ви помогнат производи во прав со додаток на глицин, кој ќе ве опушти и ќе ви овозможи мирен сон.
3. Потреба за слатки
Претераното уживање во слатките производи од рафиниран шеќер е навика која може да се спореди со зависност. Квалитетната детоксикација на организмот не подразбира само отстранување на штетните материи од телото, туку и потиснување на желбата за слатко.
Брз трик на намалување на оваа желба е едноставна: во една чаша со обична вода додајте 3 кафени лажички јаболков оцет, па секој пат кога ќе ви се пријаде слатко испијте малку од овој пијалак.
4. Осип
Изгледот на кожата е одличен показател за тоа што навистина се случува во организмот. Ако ви се појават пликови кои ве чешаат, тогаш телото ви порачува дека се бори со некој вид на осип, а истиот обично може да е предизвикан од нездрава храна.
Во лечењето на овој вид неправилности може да се послужите со пиење на природни лекови и чаеви, во зависност од видот на осипот кои го имате. Најдобро е да се консултирате со дерматолот.
5. ПМС
Ако секој месец патите од болен предменструален синдром, можно е да сте главна кандидатка за детоксикација на организмот. Масло од јаглика може да ви помогне да ги намалите непријатните последици дури за 50%.
Оваа храна ќе ви помогне за побрза детоксикација.