Храна за детоксикација и 5 пати побрзо слабеење
Во текот на новогодишните празници и по нив, најголемата мака и дилема е како да го прочистите организмот од сè што изедовте и испивте.
Итно ви е потребно и освежување, детоксикација, но и нешто што брзо ќе ви ги симне непланираните вишок килограми.
Наместо да се придржувате до строги диети и изгладнувања, важно е само оваа хрaна да биде повеќе застапена во вашата исхрана.
Ѓумбир
Еден од најпознатите согорувачи на масти. Одличен избор за да го употребите во кој било облик и значително ќе го забрза процесот на слабеење.
Зелен чај
Секогаш е еден од најпрепорачливите чаеви, особено кога станува збор за диети. Најдобро е да го консумирате еднаш до два пати во текот на денот и тоа да ви премине во навика. Не претерувајте, за да немате негативен ефект, но не го заборавајте.
Јаболков оцет
Познат како природен согорувач на масти. Дури и многу диети се базирани на него, а се користи и во секојдневната исхрана како најздрав и најпрепорачлив оцет.
Грејпфрут
Одличен извор на витамин Ц, го освежува организмот и ги согорува мастите на природен начин.
Лимон
Се смета како најефикасен во диетите, но може да биде и опасен за желудникот и киселините кои ги создава, доколку претерате. Ако не ви е многу чувствителен желудникот, тогаш консумирајте чист лимон и на гладно, пред појадокот. Доколку имате проблем, растворете го во малку топла вода и испијте го како лимонада.
Риба
Благодарение на здравите масни киселини кои ги има рибата, таа е еден од најздравите избори за замена на месото кое треба да го исфрлите ако сте на диета. Ќе се чувствувате сито, а нема да се здебелите.
Цимет
Тој е еден од најздравите зачини кој ќе го забрза вашиот метаболизам, а со тоа ќе ја зголеми шансата за губење на килограмите многу побрзо.
Ленено семе
Истовремено ги врши сите функции, и детосикација на организмот и забрзано слабеење. Од него може да сварите каша која ќе ја консумирате како ужина или самото семе да го комбинирате со она што го јадете.